прекрие (гл.) - со (предл.)

Доста беше да ги прекрие со рака, па да види дека без нив катчето како да се развеселува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во времето кога толку многу нешта се прекриени со панаѓурските плакати на хибридното масовно општество, можат ли некои насоки да се одржат - наспроти неповолната атмосфера - токму низ нови Luca Cambiaso конфронтации со историчноста? Margina #26-28 [1995] | okno.mk 179 okno.mk | Margina #26-28 [1995] 180 Margina #26-28 [1995] | okno.mk 181
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Креветот беше прекриен со портокалова јамболија, до него имаше мала дрвена масичка и едно ќумбе на дрва во кое гореа неколку цепаници и чијшто звук се слушаше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Ме презира, бедник - беше лут на своето неспретно тело, но бесот лесно го прекри со насмевка – Би го погледал Градот оттука!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа го метеше училишниот двор, зашто беше сиот прекриен со паднатите пожолтени лисја.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Освојуваше ноќта. Небото се прекри со темни облаци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа, ненадејно и во див грч, почнува да го прекрива со трескави бакнежи неговото лице, неговиот врат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Втора фотографија.  Чекав долго, да се расклопи како женка да ја сликам во сиот нејзин сонлив сјај пропорција и хармонија.  Ја прекрив со себеси но таа кревка, тврд карактер ѝ се покори на сенката без поговор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)