влегува (гл.) - со (предл.)

Сите беа жртви на комарот. Влегуваа со ентузијазам, излегуваа со очај.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трчаа полковниците по брегот или влегуваа со кајче во езерото и ги собираа птиците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секогаш сум влегувал со одважност, дури, богами, кога ќе влезев, не ни ги забележував поединечно. Не се трудев. Тие ме забележуваа. Тоа беше важно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Више секса него кекса“ беше неговата препорака, кога помислив дека и во таа област се влегува со рестрикција по климаксот, па се уплашив за себе и за сите други како мене... во години средни.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
НАЦА: Пак ништо. КЕВА: И овој...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: (Влегува со елекот.) Еве ти го елекот, чорбаџи Томче.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КАТА: (влегува со чинија туршија пиперки и го става на огништето.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Влегуваме со укит на лицата, на облеката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегува со страв божји во Светињата над светиите, во просторијата на храмот каде што само еднаш во годината, токму на овој ден само тој има право да влезе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вратата се отвора и Мишко влегува со канта со нафта.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
ЛЕНА: Мишко, господинот се брза, можеш да се поздравиш. ***
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
ЛУКОВ: (Се јавува дури сега. Револверот му е веќе во футролата, а тој влегува со вид како тогаш да се разбудил.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)