шумски прид.

шумски (прид.)

Се возеа по шумскиот пат нагоре крај реката цели неколку километри.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Далечната капавица го довикува движењето на тркала во калта по шумски патеки во подмолни млаки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И наеднаш врне дожд тој тече по долгите опуштени лисја на црешата трепери по ливчињата на јасиката го мекне липиното цвеќе и тремот станува трем на шумска колиба сред летна луња.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Козичката го насетува присуството на волкот. Дивата шумска грамада се исправа пред неа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зашлапаа коњите по тесната шумска патека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Набргу, сепак тие се растурија по голината на една длабока долина и Змејко уште веднаш ја изнајде напред во снегот затрупаната врата на шумската пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали си мераклија на собирање печурки, шумски јагоди и боровинки? А можеби си и неустрашив ловџија на кој му дошло преку глаа од тепање зајци, еребици и препелици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шушкаше шумот шумски Шушкаше шумот шумски, пиштеше потокот проточен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Со шумски јаготки во џебовите со здравец во мислите и планински воздух во срцата, ќе си направите ли муабет со овие стихови како што правите со буките и изворите Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе, самата себеси што си е туѓа и заумна?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Жежок пепел на згасната ѕвезда. Свежината на шумските јаготки пробива низ заболеното ткиво: да сонуваш, распаѓајќи се!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мајка ти и тетка ти береа шумски јагоди крај реката, што во јули ги има во огромен број, а јас ја разгледував околината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се лизга кон реката, од каде, споен со Птицата, ќе долета како летен кумулус со сребрен отсјај, пред нивната шумска колиба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа беше темнолилава и слична на сите сенки а тој копнееше по влажно зеленило какво што е мовлестата облека на шумските стебла - зеленило смекнато од сочното млеко на земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше војна. Како и сите други селани, и Језекил сега ги копаше и ги посеваше со јачмен и со пролетна јарова пченица подновените нивки по шумските чистинки и по присоите крај нивното село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко таму можеше да смета на вработување како судски вештак за шумски деликти, што беше една од неговите правнички специјалности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаеше за султани и паши, за паѓање на династии, за движење на војски, за мировни договори, за дервенџиската улога на Маказар во еден период, за шумските стопанства, за поплави и пожари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се чинеше како таа да беше дојдена од некој мистериозен шумски предел за да донесе малку од легендарното богатство во оваа сурова околина од железо и цемент.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе