фонд м.
фондација ж.

фонд (м.)

Покрај платата добивав пари и од фондот што се формираше благодарение на нашата работа на теренот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го призна убиството на истакнати членови на Партијата, призна дека растурал субверзивни летоци, дека проневерувал јавни фондови, дека продавал воени тајни, призна саботажа од секаков вид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Промените ги засегаат и работниците, преку намалување на веројатноста дека ќе добијат надоместоци за храна и превоз и преку намалувањето на износот на нивните идни пензии, а посредно и преку намалувањето на приходите на Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување по основа на придонеси од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа е кеседарот во нашата куќа. На секој први во месецот, како ќе ја земам платата, така дома до динар ѝ ја давам. Не сметајќи на некои безначајни црни фондови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе година и пол се борам да се создаде меѓународен фонд за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И обајцата беа согласни со тоа дека во лексичкиот фонд на секој природен јазик постојат домашни и заемени зборови зашто не постои јазик во изолација, не постои јазик кој е чисто свој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Голем број промени претрпеа и одредбите што се однесуваат на доделувањето неповратни средства од Посебниот фонд за вработување на инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Решение за правата од пензиското и инвалидското осигурување донесува Фондот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на уредно барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На Климент Камилски, добар познавач на францускиот и на италијанскиот, просто не му се веруваше дека овие јазици извршиле влијание врз османскотурскиот лексички фонд на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вук Караџиќ, како исклучителен лингвист на своето време во дослух со европскиот лингвист од тоа време Јернеј Копитар, веруваше дека побогатиот лексички фонд на еден јазик има поголеми можности да продре во најразличните семантички нијанси.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Исто така, тој не смее да ја изнајмува, дава под закуп или отуѓува опремата што ја купил со средствата од Фондот, во рок од три години од денот на добивање на опремата (чл. 15, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
в) Разбравме дека технолошката опрема бесплатно ќе ни биде испорачана од страна на Француската влада, и тоа во висина од 11,9 милиони франци, а тоа е во рамки на Светскиот фонд за обезбедување на чиста вода за пиење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Фондот е надлежен и кога правата од пензиското и инвалидското осигурување се остваруваат врз основа на меѓународни договори (чл. 135, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 Во однос на првата промена на ЗПЗСО од мај 2009 година заслужува да се спомне одредбата дека и Фондот за здравствено осигурување стана обврзник за пресметка и уплата на придонеси за невработените лица кои примаат паричен надоместок во случај на невработеност и за невработените лица кои активно бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување, а немаат друга основа на осигурување (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измените на членот 16-а од јули 2008 потенцирано е дека доделувањето на неповратни средства ќе се врши „во рамки на расположливите средства на Посебниот фонд“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
105 Членот 16 од ЗВИЛ е едноставен, без комплицирани процедури, и ја регулира процедурата согласно која инвалидните лица кои самостојно вршат професија или дејност, заштитните друштва и другите правни лица кои вработуваат инвалидни лица бараат доделување на средства од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе