турне св.
турнеја ж.

турне (св.)

Видов како го турна залакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие ќе го кренат оружјето и пак ќе нѐ турнат назад, ќе нѐ седнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја спружив кон Турците и сите тројца ги турнав од чикмето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште малку да го доведе и ќе го турне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го турнувам стражарот и по скали трчам горе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар некаков демон кон пропаста стрмна нѐ турна. Браќата мои под ридон ко рибите насуво тогаш во борбата бурна, да се прпелкаат видов.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Таа го турна не со рацете ами со очите да седне, па седна и самата спроти него, прекрстувајќи ги долгите нозе и исполнувајќи го седиштето на столот, како и без него да била со ниет тоа да го направи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гетото, синагогите, гробиштата се само детаљ од Прага. Штом ќе се напуштат човек бара веднаш да се турне во бучавата Прага, во некоја пивница за да се оттргне од средновековието.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но Мира ми свика: - Не срами се, убаво си закрпен, - и ме турна внатре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа ја турна тепсијата на средината од масата поканувајќи ги полковниците да си земе кој какво сака месо.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја турна од себе, таа падна назад, а борината ѝ отскочи настрана и не се угасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
О'Брајан ја беше турнал рачката на бројчаникот на триесет и пет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа дувало силно, уривајќи ги дрвјата и куќите, но се чувствувало силно додека не стасало до една огромна карпа, која не можело да ја турне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утрото ја најдов книгата до креветот, сум ја турнал во мигот кога ме навалил сонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станав, го турнав пајакот и го згмечив на подот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе