труд (м.)

Заработуваа од туѓиот труд. Продаваа книга со туѓи мисли.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Автоматизацијата и механизацијата на најважните процеси во оранжериите овозможуваат да се зголеми близу двапати продуктивноста на трудот во однос на досегашните норми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постапката за посредување, врз основа на записникот и трошковникот, се води пред оваа Комисија – којашто, пак, е формирана од Министерот за труд.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудови и добрината на неговиот живот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Ако гледаме така на трудот и ако искрено сакаме да се оддолжиме пред нашиот народ, тогаш не ќе се извинуваме дека нема почва за културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој ден повторно проштеваме, за пеколот во кој се наоѓаме, го вртиме и другиот образ, со нашата труд и мака, ѓаволот го гоштеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
За да се извади албум требаше да се потроши време, труд, нерви и многу пари за откако сам ќе го издадеш да те начека џандар на улица и со само една казна за неносење каиш да ти отиде целата заработка од албумот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сепак, бришењето на оваа одредба не доведе до намалување на надлежностите на органите надлежни за спроведување на инспекцијата на трудот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Само за три дена поцрнаа белите денови и напразно отиде целиот труд и саможртвата, во неповрат се растурија надежите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Србите се националисти со арно сознаени народни идеали и интереси, кои што со труд, наука, перо и дипломатија сите како еден човек одат по еден општ за сите пат и затоа постигнуваат победи над Бугарите на секој чекор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А при тоа да го цениме своето работење не по надворешниот негов вид, а по неговата вредност, а цената на трудот се мери со потребните за него сили.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грешката и лошата среќа се плаќале со неколкудневен труд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога внимаваш да не го повредиш законот на Хирам, градителот на храмот Соломонов, дека може да се добие само она што се заслужило со знаење и со труд.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А за да може човек да ги ползува резултатите од својот труд, треба прво да се потруди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако постапката за посредување не успее, Комисијата го известува инспекторот за труд, за овој да поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред прекршочниот орган.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Слободата чини само за ползување на резултатите од својот труд, но не толку за самиот труд.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука, причините за незадоволителната заштита на работниците од страна на Инспекторатот на трудот не можат да се бараат во неповолните одредби на овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па сепак, трудот на експлоатираните народи околу Екваторот не ѝ е неопходен на светската економија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе