триумф (м.)

Како да знаеа дека нивната работа е завршена и се чека само на еден формален акт којшто ќе го потврди нивниот триумф.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа и во последниот грч на лицето беше задржала некаков триумф...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но по желба на бога може и триумф да грее!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Да сведочи за трауматските епизоди на лузерската индивидуа, за игнорантските стампеда на масите, за виртуалните триумфи на тираните, за голготата на хуманистите или луцидноста на мудреците?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зарем тоа не го симболизира вечниот непроменлив триумф на Доброто над Злото ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што е изнесено во почетокот, настаните во романот, починувањето на таткото, го ослободува главниот лик на нараторот од зависноста која би го лишила од финалниот триумф над противникот (тоталитарната идеологија) која го примора „големиот губитник” на егзил и на еден повлечен живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој го изразува триумфот на слободниот селанец против одлуките на политичката власт и тешките услови на градскиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Слободата е секојдневен предизвик, а триумф е кога мирно ќе заспиеме без грижа дека некому нешто должиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Поразот беше очигледен, но мораше да се слави како триумф.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој треба да живее во постојан набој на омраза спрема наворешните непријатели и внатрешните предавници, на триумф поради победите и на самоомаловажување пред моќта и мудроста на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Само на две педи од неговите очи се рони земјата, дебелата преграда зад која го чека триумфот на постигањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако може да се зборува за триумф в нужник?! 39.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со тоа ќе се обележи триумф на сендвич државата и секој втор транзициски Македонец што работи како таксист, а со самиот влез на триумфалната капија налетуете и на циганите кои ќе ве пречекаат скокајќи у прљавата фонтана. Страшен призор на триумфот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И кога велеше - белки ќе дојдат други времиња - јас во тие штури, навидум сиромашни зборови, гледам само бесконечно траење, а во бојата на гласот – триумф!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Љубовта е триумф и не можеме да ја ставиме на терезија и да ја мериме и немам срце да те лажам, зошто знам дека ми веруваш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во нашиот свет нема да има други чувства освен страв, бес, триумф и самопонижување. Сѐ друго ќе уништиме - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од мудроста што ја стекна со проучувањето на големите балкански империи, од Римската до Османската, со сите нивни војнички триумфи и неизбежни падови.
„Граница“ од Луан Старова
Во таква силна болка веројат­но настапува крајот на животот, триумфот на самотијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеше да го преврти говорот во вообичаена осуда на предавниците и на мислопрестапниците, но тоа ќе беше премногу очигледно; додека, пак, да измисли некаква победа на фронтот, или некаков триумф во натфрлањето на Деветтиот тригодишен план, би можело премногу да ги искомпликува документите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе