теписон м.

теписон (м.)

Но пред некој ден Изабел ме замоли да ѝ донесам нешто од собата и тогаш на теписонот до креветот здогледав една голема книга а на кориците пишуваше „Водење љубов и пози во сексот“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Овде комшиите не галамат, не се дерат по улица, не мењаат уље на тротоар, не перат теписони на паркинг, не буљат у жена ти и ќерка ти, не тресат теписи на тараби, не се собираат на купчиња у недела од сабајле... Не постојат ни маалски ѓурултии.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но, зборовите ми се тркалаа низ устата и како да ми паѓаа врз нечистиот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со голи раце ги притискаше крпите во теписонот, а потоа ги цедеше во кофата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По „градски“ го л’штеше подот, го мачкаше со маст, го покриваше со теписон од крај до крај, а по „селски“ пушташе черга по дијагонала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како што матната вода течеше и се впиваше сѐ подлабоко и подлабоко во теписонот, тетка ми панично притискаше со одзатнувалката во шолјата и наизменично викаше „аааах!“ и „ииии“, земајќи и испуштајќи воздух.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седеше на искубаната јамболија послана врз креветот кој преку ден служеше како кауч и буричкаше низ влакната, одвреме-навреме вадејќи оттаму некоја трошка и по мало двоумење, фрлајќи ја на излитениот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Немаше значење што собата беше мала, пикната во еден зафрлен дел од хотелчето и што смрдеше, најмногу од теписонот, никогаш непроменет и скапан. Веднаш заспав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, прелевањето на водата и нејзиното впивање во мекиот бел теписон се чинеше како да нема крај.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат второто преплавување на шолјата врз теписонот беше проследено со неколку безгласни, панични восклици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Говедо... говедо... - шепкаше тетка ми клечејќи на колена врз мокриот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Главата на Ане тапо удри врз теписонот на подот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)