стаклен (прид.)

Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ова е време на четириаголни чинии и стаклени фотографии. Може да се живее и во usb.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Најпосле салата се подиспразнува и ние можеме да се доближиме до славниот камен. Поставен е под стаклен ѕвонец и осветлен со силна зеленикава светлина.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сѐ се случуваше внатре во стаклен тег за хартија, но површината на стаклото беше куполата на небото, а во куполата сѐ беше облеано од јасна мека светлина низ која погледот допираше до бескрајни далечини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѕидовите на тој стаклен суд беа ишарани со неподвижни ситни меури.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поставен е под стаклен ѕвонец и осветлен со силна зеленикава светлина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во собата се стемнуваше. Тој се сврте кон светлината и лежеше гледајќи во стаклениот тег за хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стаклениот покрив одозгора се крши и се урнува...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше уморна од лоши соништа и со разголени стаклени очи под кусите клепки додека сето лице покриено со видлива пајажина на влакненца и беше неприродно набелено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Од предната страна на зградата, на терасата што продолжуваше на осум столбови над реката, во големи земјени ќупови беа посадени леандри кои во првите зимски денови газдата Таки Ников ги собираше во стаклениот цвеќарник што беше придодаден на зградата од страната на Камениот мост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Главата на Мишкец е сокриена со некој вид четвртести скафандер, споен со две цевки со висок бел апарат со стаклена капа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во мигови му идеше да му го го фрли големиот стаклен пепеларник полн со догорчиња, но се разбира, се воздржуваше.
„Граница“ од Луан Старова
Пронајдов: твојата збирка пеперуги под стаклената поклопка на дрвената кутија беше твоја пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Она, што подоцна можеше да се нарече крвави последици од скршениот излог всушност и настана токму од тоа мирно свлекување на стаклениот џамлак низ кој наеднаш , како низ одзатната стерна, добитокот шумно потече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во десната рака, најчесто, носеше стаклено бокалче за вода, покриено со утлеисана тантела, на нозете пандофли со црвени туфки, облечена во лито фустанче со карнери околу вратот и ракавите, со ситен чекор на балерина или на препелица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па, се мислам дали здолништето да ми биде набрано и долго во „џипси“ стил, косата црна и сплетена во плетенка да ја зберам, а одозгора да се покријам со шарпа и во кугла стаклена да се ѕверам?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бар Олтар и стаклен иконостас од каде севишниот нѐ прска со света вода.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Стаклената несигурна вага на која се мерат неразоткриените работи со познатите, многу тешко ја одржува во рамнотежа во услови кога мислите се во непрестајно движење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ема со врвот од јазикот го проба пудингот од малата стаклена порција и кога минуваше низ ходникот од кујната во спалната соба јас сѐ уште стоев отпростум во кадата, крај сината мушама, со дебела фротирка преку вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе