соѕида св.

соѕида (св.)

Сѐ околу мене и над мене е соѕидано. Некој ѕид околнаокол не ми дава да мрднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Живеалиштето ѝ личеше на змејско дувло, не копано, туку соѕидано од тули од кои раснеа кисели дрвја, боз и трње.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш можело од трупиштата да се соѕида кула до ѕвездите.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Ресен соѕида голема куќа со длабоки ќерали, со резба украсени одаи и широки чардаци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ под шуле и под ѓонија се соѕида. И секоја греда до греда со пијавици ја врзавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Црквичка да соѕидаме, душичкиве да ги откупиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прозрачна есен низ маховина ѕвони Со црквен од и молитва Се раскопуваш Соѕидан во долината што гори.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Потоа дури до горе, до грлото, ќе го соѕида грнецот со суви лепешки, а потоа ќе ги потпали лепешките, јали со суви кочанки, јали со троа борина, и ќе го остави да вари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куќата е соѕидана од камен, со два мали прозорца, по ќерамидите се фаќа темно и суво мовиште.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И сакаше да го замоли за прошка, да му каже нешто убаво, утешно, да му ја зблажи болката: Не жали, вујко Аргире, ваков си го видел, толку многу куќи си соѕидал!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да поминуваат луѓе да ги гледаат, да се чудат и да велат: - Еве, оваа куќа ја соѕида тој Веле, мајсторот од Тресонче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја соѕида куќата до некаде, а од брат му Тане стигна писмо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Куќата убава, со железен балкон, сино бојосан, дворот поплочен, авлијата кружно соѕидана со камен и покриена со керамиди.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе