смешка ж.
смешка несв.

смешка (несв.)

- Велат дека сте писател... - се смешка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Молчеше смешкајќи се и бараше сили во себе да најде начин да рече дека само тоа не бидува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И виде Филозофот дека сум задуман, и излезе низ вратата, смешкајќи се со својата лечебна, загадочна насмевка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вујко ми се смееше. Што и да направеа, тој се смешкаше и вртеше со главата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некаде од некој агол благодарно ми се смешка мојата Убава Книжевност, мојата невидлива Belles Lettres...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Скокнува од креветот, стои исправен во недоумица и виновно се смешка на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На минување го забележа Мартина како на сон нешто се смешка толку мило чиниш сѐ во животот е убаво како песна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дробејќи ги во своите муциња и гледајќи дали има уште, тие се смешкаа сѐ додека не ги надуја мешињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еден ден видов дека некоја друга Ангела како ја бутка количка од која ми се смешкаше девојченцето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа се смешкаше мило на сликата, а црната коса ѝ паѓаше тешко на обете рамена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Двајцата побратими задоволно се смешкаа, пушеа и пиеја кафе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нели облеката не го прави човека?“, ми се руга татко ти со некои мои излитени зборови што којзнае зошто ги присвоил, и шашливо се смешка, како да смислил којзнае колку голема шега.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лежам така, телевизорот веќе и не го исклучувам. Понекогаш се будам ноќе и се смешкам: од аголот на собата ме гледа празниот екран.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Подоцна, во кафулето, сега веќе само Ана додека одблесокот на Маргарита се повлекуваше пред стварноста создадена од чинцано и зборови, рече дека ништо не разбира, дека се вика Мари-Клод, дека мојата насмевка на одблесокот ѝ причинила бол, дека во еден момент дури помислила да стане и да го смени седиштето, дека забележала како ја следам притоа не чувствувајќи страв, токму тоа беше противречно додека ме гледаше в очи, додека го пиеше својот чинцано, додека се смешкаше не срамејќи се што се смее, затоа што речиси веднаш го прифати мојот препад среде улица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И сите грдо и наместено се смешкаат и тивко го влечкаат својот очај зад себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лето. Сонцето застанато над црквата, Мајка му везе кошулка со распејани цветчиња, Тоа мавта со голите рачиња,се смешка, Гледа во сонот: две светулки го водат за раце и на бело ждребе го качуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој пакосно се смешкаше и уште од далеку ѝ рече: - Не плаши се, невесто!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Филозофот се смешкаше загадочно, како и секогаш кога сите мислеа дека сѐ е загубено, а тој исход чудесен наоѓаше, од ништо нешто сочинуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе