симфониски прид.

симфониски (прид.)

Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одеше на театарски, драмски и оперски претстави, на концерти со симфониска и џез музика, на ликовни изложби и промоции на книги; а се подразбира, и на собирите на Друштвото на лекарите како и на семинарите што зафаќаа во неговата област.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во почетокот се слушнаа првите тонови на гудачкиот квартет „Мала ноќна музика“ од Моцарт во изведба на музичарите – членови на симфонискиот оркестар на воениот капелник Дворжак од Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во тивката ноќ, крај реката, спроти Тврдината, како предизвик на минливоста што ја означуваше вечното течење на реката, некаде другаде, се извишуваше симфонискиот полифон изблик на среќното и соединето семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Преоптоварен со работа и страдајќи од лошо здравје, навистина барам милост од другите, иако веќе се чувствувам подобро.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Од белината што останува зад сликата, изронува музика на симфониски оркестар...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Дали некогаш сте слушале симфониски оркестар?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Амблеми на словенската државна иконографија немаше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е исто како кога ќе сонуваш некоја убава песна, некоја убава приказна или пак цела симфониска композиција.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа можеби билo сторено како еден вид протест кон италијанскиот култ во музиката, кој во овој период целосно ја окупирал виенската публика.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тој иста тоака е град на театри, музеи, има уметничка галерија, свои симфониски оркестар...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)