роднина ж.

роднина (ж.)

А некаде ќе нѐ пречекаа, како најближни роднини.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеше подоцна да оди на закопот на својот татко, на својата мајка, на многу други блиски, блиски роднини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Таму, помеѓу оној народ во претсобјето, видов некоја нова роднина - реков.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И тие сега веќе беа побратими со смешување на крвта; тоа го носеше она неговото зрно во прекрасно скованото грамадно тело на неговиот прогонуван роднина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кравата и магарето се вртат кон нас и не гледаат ко роднини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чу дека куршумот му поминал некаде низ градите и ништо не му скинал. Како да бил негов роднина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А токму отменоста ѝ била близок роднина на почитта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа куќа ја наследив од еден мој близок роднина. Во нејзе стапнав кога дојдоа првите колонисти од Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стигнуваа други роднини. И сите ме прашуваа да кажувам многу повеќе одошто вистински се случи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако не успеат да го извлечат од нездравата ситуација, патат повеќе од најблиските му роднини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навистина смртта на наш близок и почитуван роднина е таков феномен што најсилно ја поттикнува униформноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Роднините се поткачуваат на едно столче, специјално наместено до коњот и се прегрнуваат со невестата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му велеа роднините и пријателите да ја напушти да земе некоја куќа под кирија во селото, но тој не сакаше да чуе; постојано ги потпираше ѕидовите со дебели дрвени појаси, ја вклештуваше во дрвени стеги и не ја напушташе - не сакаше да се сити Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Уште еден роднина нагази на минско поле!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Род и роднина ми е зговорна дружина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во писмото што го доби од дома, сестра ѝ подробно ѝ пишуваше, како мајка ѝ правела питулици за соседите и роднините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нунката го испи кафето, истури еден кош благослови за детето, родителите и роднините и си отиде да го земе кај ручек време и нункото со подарокот за на крштевање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сите заедно, и тие што ја кажуваа оваа приказна, и тие кои не веруваа ни во неа ни во јанческата, нетрпеливо очекуваа да дојде сабота па да чујат какви гласови ќе донесат од Прилеп неколцината одредени да отидат таму за по аништата, кај роднини и светијони да се распрашаат за Бошета и ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе