резерва (ж.)

Ти реков, дека ми рече да не ти ги давам сите, да чувам резерва, ти рече, Борис, малку те тепам.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Но најважно од сѐ е тоа што тие располагаат со непресушна резерва на евтина работна рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури сега командата на ДАГ ја виде опасноста и нареди офицерската школа, составена од петстотини курсанти, која е во резерва и со седиште во селото Брезница, со трчање да оди на помош на 102 бригада во чиј состав беа постари мажи и голем број инвалиди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Течеше малку питка вода додека стигна врелата, па колку-толку пивнав и ја згаснав малку пеколната жед за да имам резерва во себе за наредниот ден, до првата чешма на патот што не можеше да биде ставена под контрола.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По извесно колебање, гемиџиите решиле од своите драгоцени резерви да му ги испратат бараните пари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Истиот зеленикав руски џип, го видов од прозорците на долгиот коридор од хотелот во Влора, кога во долгата, пеколна ноќ, исцрпен од жед одев во собата на директорот на театарот да ги испијам потребните резерви вода за наредното патување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој беше полн со златни резерви, се колебаше дали да се ослободи од нив, продавајќи ги, а поради тоа што продажната цена на златото беше пониска од набавната, неговите пресметки покажуваа знаци на банкрот, па бидејќи долгот кон ортакот достигна висока сума, за Еразмо не остануваше речиси ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Секој жител на Кралупи раскажува и за тажната историја на овој град - за неговото наполно разурнување од англоамериканските авиони во март 1944 година, кои го бомбардирале поради големите резерви бензин и други нафтени деривати, кои на ова место ги складирале Германците. Таков е Кралупи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Пак јас сум, Пандели. Веднаш да формираш резерва и да ја сместиш во Косинец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ќе бараш наслови за следните книги Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови поетите ќе ги распознаваш по интонацијата а времињата и приликите според употребата на заповедниот начин карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш без рецепти, така што да побудуваат носталгија по домашно огниште и другите туѓи именки сеедно по којпат, сега чекаш - чекањето по дефиниција е бесконечно - можноста да напишеш песна лебди во собата како можност за љубов, како самовила цела како јајце, како гром, како Господ цела челото го збрчкуваш пред карстната перспектива на иднината и ги трошиш последните резерви надеж - тебе речиси непотребни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Боже, ти колку го сакаше, без резерва, без отстапница, ама ти си мислела ако појдеш со човек кој има само едно рало чевли, загарантирана ти е љубовта и преданоста, како секогаш да има две страни, од едната богатство, од другата доблести со верна љубов како круна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Компаниите постојано ги пополнуваат рестораните и супермаркетите кои не чуваат резерви на храна за повеќе од неколку дена а сепак не создаваат ниту недостиг ниту вишок на производи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
— Што ал правиме за леб, бре Толе? — почнаа да се тапкаат војводите кога погладуваа два три дена, бидејќи сѐ што носеа резерва на шесте маски се изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во случај на потреба резервата да дејствува со цел да го одврати противникот кој би се појавил од насока на селото Света Недела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Групираа и прередуваа комбинации на мајмуни по потреба: за храна, за откривање резерви со нови мајмуни, за слабостите и силните страни на поединците и колективите, а на крајот од секоја темелна пресметка, изгладнето напаѓаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Над 200 милијарди тони нафта - така денес се проценети резервите на петролеј во Романија, а тоа е големо и неоценлови богатство на романското стопанство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А во задниот земник веќе се чуваат на прво место ковчезите со рубата, каците со маст, сирење, урда, пиперки, сланина, зелки, кисело млеко, бочвите, брилата со вино, ракија и други резерви од храна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Евидентно е дека се остава една законска резерва што, во праксата, остава широка можност за злоупотреба, преку класична уцена од страна на помоќната страна (работодавачот), врз фактички послабата страна (работникот) – првиот да бара вториов „доброволно“ да се откаже од своето законско право да не работи прекувремено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе