пушта несв.
пушти св.

пушта (несв.)

Ме потфаќа некој виор, ме турка откај луѓето и не ме пушта да слезам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стаклото ја пушта светлината, но нас не нѐ пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ги подава јаболката, а јас одвај ги задржувам солзите да не ги пуштам да ми се видат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шетаме по селата, организираме: им кажуваме на луѓето која линија да ја држат, да не ја пуштаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ми пушта со очите: му играат како жива во водена терезија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Пуштај! – им свика тој луто и нестрпливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ми не можеше да разбере зошто татко ми и во оваа земја, во која семејството пушташе корени, и требаше да живее и со другите луѓе, останува до доцна во ноќта со своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И тогаш многу се уплашив да не ми дојде да го пуштам да побегне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе му застанат очите наблиску и веќе ништо не пушта меѓу нив да помине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Страда од своето високо мислење за себе и не се пушта од него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар секој брат треба да го пуштам да ми ги вади очите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Треба да ги презакопаме коскиве, вели, и полека се пушта од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првиот конфликт го имаа токму во клубот кај што пушташе музика.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Татко беше болен од плевритис, некакво вирче вода му се набрало под ребрата и стражарите ме пуштаа да му носам јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Божем ја гледа природата и не го пушта сликата нејзина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој ден кога ќе се пушташе од школо Бошко поминуваше откај весникарот на ќошето и го земаше весникот за татка си.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ги пуштавме од раце само тогаш кога од јарешкиот вресок ќе ни оглувеа ушите или ќе нѐ заболеа нозете од клоцање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе