пулс м.
пулсира несв.

пулс (м.)

А јас сакав да живеам, да го слушам пулсот на животот. вечерва сум пијан, ми рече еднаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само забрзаниот пулс те потсетува дека солзите ти се на крајот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клекна кај поднаредникот и му го стисна пулсот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Современото мислење и осетливоста при регистрирањето на пулсот на нашето време останаа и понатаму негови истакнати одлики, но неговото двоумење помеѓу крајните луцидни увиди и понекогаш крајно детските, искрени и погрешни процени или пусти желби, сега се смирени со пообразложен и посеопфатен начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Точно беше усогласен со брзината на пулсот на планетата Земја. Се раѓаше зрелоста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како ги раскажувам соништата и кому Клошарите со посвета Предметите по употребата и мислите, Соблекување или почеток на разговорот и другите ненапишани песни одрани налик на волот на Рембрант крвта остава силен впечаток, нели има боја, вкус и позадина нели има свој пулс, своја група, свое месо станува естетски предмет или вода потаен жар се од нив ми гори под нозете.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го чукна по градите и му ги провери пулсот и температурата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има отсутен поглед, неспособен е да ги прими дразбите од надворешниот свет, раката му е цело време на пулсот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: Кокаинот го забрзува дишењето, пулсот, го зголемува крвниот притисок и температурата на телото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаејќи како се живее, ќе го следиш пулсот на живото.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И нешто му ги грабна и затегна нервите, му ги заглуви ушите и тој го загуби удирањето на пулсот што пред малку сосема јасно му одекнуваше во увото легнато на рогозината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Докторе, пулсот, срцето.“ Стравот во разлеаните очи не беше предизвикан од плачење на гладни сирени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети: ритмот на пулсот опаѓаше, бавно патуваше во неврат, во смрт. Алкохол, проклетство.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но секогаш неговиот изострен слух ги фаќаше одгласите од стапките на стражарот како длабок пулс во молчаливоста на овој убиствено осамен свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, толку себично човекот го брани сопственото срце, очајнички обид да го оживееме, да го почувствуваме пулсот и мирисот на животот и едно среќно, искрено и едно вљубување, како балдахин над нашите глави.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чанга, човек врзан за ритамот и дишењето на планината, потоците, громовите, имаше и во овој проклет град свој пулс на чувствување на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе