проширен прид.
прошири св.

проширен (прид.)

Комбинацијата на автопати на податоци и проширена телевизија неизбежно ќе доведе до враќање на селската индустрија во форма на виртуелни разбои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот стан беше седум катови погоре и Винстон, кој беше на триесет и деветгодишна возраст и имаше воспалена проширена вена над десниот глужд, тргна полека по скалите, одморајќи се неколкупати до горе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проширени толкувања со сомнителни убедувања.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Можеби нејзиното проширено, вкочането тело одназад не беше повеќе распознатливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А и не беше Гого таков, човек и сликар, за да му додели Градското собрание еднособен проширен стан со ателје место со балкон на последниот, тавански кат од некоја новоградба, иако на младиот сликар му останаа пусти соништа париските мансарди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
До полноќ, гужвата драматично се зголемува и, судејќи според зениците проширени како чинии, некои од овие луѓе ја земаат својата втора или трета доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вчера се уверив дека подбишегата, за која дотогаш само насетував дека тргнала, веќе е проширена во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под нечистотијата овде онде се гледаа црвени белези од рани, а во близина на глуждот проширената вена претставуваше воспалена маса од која се лупеше кожа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Полека се истетерави до кујната, офкајќи по пат за тоа колку ѝ биле проширени вените на нозете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со Марија Естера Васкес го објавува проширеното издание на книгата Германски средновековни литератури и Уводот во англиската литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа и ателјето му беше само за в шупа, а не за висококатна мансарда со еднособен проширен стан во кој, покрај тоа, ќе живее семејство со деца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Внатре во опишаната лична Космогонија во која тие оперираат, еден сет на приватни шеги проширени во јавната арена, Жилберт&Џорџ се отпорни на секаква критика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
До заклучувањето на главната расправа, под опишаните услови, покрај тужителот може да пристапи нов тужител или тужбата може да биде проширена на нов тужен – со негова согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На газдите им се проширени претходно воведените субјективни преференции при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок, а на тие работници дополнително им е намалена основицата за пресметување на испратнината!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше на еден друг начин дел од моето семејство по чија проширена смисла трагав во моите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како зрели луѓе, Елеазар Корео и Лука Карер си правеа чест посетувајќи се било на православните верските славја, било на петочната вечера на штотуку започнатиот Шабат на домашната трпеза во проширеното семејство Корео каде што чест гостин беше Лука Карер... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Очите ѝ беа проширени и имаа вкочанет поглед и беа покриени со волшебна блескавост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во културната екологија процесот се нарекува trash- изација. Paul Fussell, еден од најлуцидните современи американски “културни еколози”, се одлучува за нова, проширена дефиниција за ѓубрето, за BAD.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како резултат на тоа „Рускиот план од 1878 година за ‘Голема Бугарија’ со излез на Егејското Море довел до тоа Велика Британија и Австрија заедно да го доведат руското проширено влијание во југоисточна Европа пред свршен чин“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе