просто (чест.)
Тој просто сета вселена ја претвори во една логичка конструкција од апстрактни поими, категории, чијашто логичка формула на движењето значи движење на вселената.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
На драга волја, просто обожавам разговори со чај.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Просто човек во пролет, кога се видеа дивите пајки и дивите гуски, требаше да внимава кај гази низ ливадите за да не настапи на некоја седелка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мажите просто ждереле семки и сончоглед, а жените леблебија и суво грозје.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Службата за сместување и исхрана функционираше како прецизен механизам, просто зачудувачки точно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Просто немал време да ги чека бавните професори.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Медените думи просто ѝ се цедеа од устата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Некое време сетил оти е на суво и станал просто та се избавил.
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Одеднаш просто се потресов и од самата помисла.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Просто ми е непријатно од нивните глупави изрази на лицата и воловските погледи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Просто гледам како одговорот што го наоѓам ги руши сите филозовски системи наназад како бескрајна низа од карти: една карта урива друга и така со ред наназад.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Ги грчеше прстите в џебови и го слушаше сопатникот, тој сечеше просто како да секцира.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Туку и тие барем шалвари носат, ама оваа — просто во вреќа наврена! Се приближи до оганот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Едно сиво клопче просто се стркала во неговите нозе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нејзините железни делови просто му се вкопуваа во прстите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Езерото лежеше мирно под пладневното сонце, просто умртвено, како да ги потиснало и со коленици и со петици не само рибите меѓу тревите туку и брановите на дното.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некои делови од Лондон просто вријат од нив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)