проигра св.

проигра (св.)

Неговата сенка, од време на време, проигруваше од осветлената лампа врз татковите книги. – Но јас имам читано – ја продолжи мислата татко ми – дека козите живееле со луѓето уште во време на таканаречените наколни живеалишта, најстарите човекови домови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога нѐ виде обајцата, ѝ проигра руменило во лицето, се разведри.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нови бранови загриженост проигруваа неосетно низ брчките на мајчиното чело.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со каква неподнослива леснотија си проигрувавме со времето додека беше жива не знаејќи колку ќе жалиме, еден ден, поради тоа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само тогаш, според Кабалата, може да постои надежта за реинкарнација, да се пресоздаде животот низ проигрувањето на 22-те букви, но тогаш може да се создаде и Минотаур кој се наоѓа во дното на лавиринтот на зборовите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, не е помала уште една заслуга на авторот, радо би рекле писателот (текстот обилува со волшепства), успешно и наизменично да се проигрува со неизбришливите емоции од детството, како со провоцирана индигнација на тоталитарната отуѓеност на извесен политички режим.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Реката си течеше како секогаш, сенката на големите тополи проигруваше во зелено – синкавата вода на реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми ја препозна преку нејзината сенка што проигруваше низ неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Последните сончеви зраци на денот проигруваа над извишената тврдина Кале од другата страна на реката, под Еврејското Маало.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека козите мирно пасеа, проигруваа по ридот, Чанга шеташе околу Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во една доцна вечер, кога над езерската шир проигруваше светлината на ѕвездите Дедо ги запраша двајцата синови: - Знаете, чеда мои, зошто сме ние осудени на најмногу граници?
„Граница“ од Луан Старова
Нејзе ѝ проигруваа неколку солзи, чиешто навирање татко ми го чувствуваше уште пред да се обликуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На хоризонтот проигруваше светлината на уште по некој факел, за потем наполно да се изгуби и надвладее светлината на ниските ѕвезди.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа не сакаше да ни ја каже причината за нејзиното предвремено враќање, но тоа можеше да се про­чита во новите брчки кои проигруваа на нејзиното лице.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)