префрла (несв.)

Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го завирил потокот со телото и водата веќе се префрла преку него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправам да се префрлам и некој ми се фрла одзади.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го остави чешелот и стана од тапацираното столче префрлајќи ги една преку друга полите од бањарката и врзувајќи го коланот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во неколку наврати нескриено и тенденциозно ни се префрлаше дека не ги потпишуваме своите текстови и дека се криеме зад таму некакви си псевдоними.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас, воопшто, болката ја ценам за најнеморален белег низ еволуцијата на човекот; за најпонижувачки симбол на човековата автентичност: Бев опседнат од овие страдања и сам во ретки мигови јас се префрлав на теми и поинакви од оние кои ме измачуваа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
69. Но тоа влијание му е нужно, ете зошто, од една страна нѐ уверува оти до кога ја има слободна Бугарија македонското прашање не е закопано, од друга страна, за да го оправда своето егоистичко поведение, сета вина за несреќите кај нас ја префрла на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По планот на Беличот – отсега така ќе го викаме светлокосиот – со возот требаше да се префрлат до последната станица, а од таму со камион или некоја кола да продолжат до бригадните логори.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Префрлавме дрва, некакви сурови цепаници само што беа исечени од планината; животворната сок им беше претворена во мраз.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зошто ми префрлаш дека сум стар, нели сме деца на јазикот и нели јазикот никогаш не старее?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега сета се префрлам таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Среќна си што ме гледаш на резервниот стол!?“ - како да ѝ префрлаше, иако самиот избра каде ќе седне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми го донесоа дома. Три дена се префрла в постела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си велев: Можеби е прениско да се почне од ова место да се префрла грутка по грутка цветови, стебла, ѕверови за да се мине Планината.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
На крај се влечкаше Ване, како последен член на екипата или асистент на асистентот - снимател, постојано префрлајќи го акумулаторот од еден на друг колк, зашто ременот на акумулаторот, колку и да беше широк, му ги жулеше и двете рамена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како да се префрлам и јас кај политичките, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ уште само еден дел на телото се ослободуваа сонот, сатир, се префрла од клепките кон слепоочниците и те стиска со своите козји нозе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го вадам ножот од пушката, пушката ја оставам, и се измолкнувам од окопата, ја префрлам. И лазам со ножот в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чак Норис не пие и мрази кога сонот му го рушат пивски шишиња што од рака во рака, ги префрлаат момчиња на кои прстите им се ко шпагети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе