поткрепи св.

поткрепи (св.)

А бидејќи таквото обезбедување никојпат не е сигурно, без да се ангажира една од големите држави или неколку од нив со оружје в рака да го поткрепат тоа обезбедување, тогаш од Бугарија не можеше да се очекува замешување во македонските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Српските воспитаници што работеа под бугарска фирма ја создадоа и ја поткрепија македонската револуција; на нив се должи и политичкиот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мирно им се обрати на присутните прво да се послужат од преполната шведска маса, да се поткрепат, а потоа да седнат на столовите кои беа наредени во круг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа, кај нас, најуспешни театарски претстави се оние кои за време на премиерната изведба се поткрепени со присуството на претставници на политичката, односно претставници од врхушката на партијата на власт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Има ножни листови свежо избричени, загадочни дупчиња на колената, што сѐ заедно предизвикува една мистериозна загадочност, поткрепена со бутини без масна наслага!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Дали се само природно сомничави или и суштински зли, дали за психологијата на масата е карактеристично дека ќе уништи секој новум, или проникливоста на масата е, всушност, инстинктивна и посилна од со разум поткрепената логика на образованите?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова е поткрепено и со еден цитат на Маркс: „идеите не можат воопшто ништо да изведат и за остварување на идеите се потребни луѓе кои ќе употребат практична сила“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
(Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога ќе настапи зимата, китените сватови да можат да се загреат и да се поткрепат со црвено вино...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
ronald leing СОПСТВЕНОТО И ЛАЖНОТО ЈАС КАЈ ШИЗОФРЕНИКОТ Сега ќе се обидеме да ги поткрепиме своите зборови со избрани описи на шизофренијата што ги даде еден американски пациент во фазата на закрепнување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Материјалниот свет“, продолжи Дипен, „изобилува со големи сличности во однос на нематеријалниот; и на тој начин реторичката догма, што преку метафората и компарацијата ги поткрепува аргументите и го збогатува изразот, добива извесна нијанса на вистинитост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Во гостилницата сакав да се поткрепам по долгиот пат, - му дообјасни на иследникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А мојот приказ на настанот беше поткрепен и со исповедната тажаленка на пишман - лисицата Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поткрепувај нѐ кога сме слаби и тажни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Позитивистичкиот механички материјализам ретко во некое современо филмско остварување е поткрепен со толку одломки на денешнината, особено затоа што осумнасетовековната поставка во филмот Гринавеј континуирано ја спроведува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе