подморница ж.

подморница (ж.)

Тишина. Одот на времето измерен е со влегувањето и излегувањето на куршумите од шаржерот. Разговорот е подморница.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од подморницата конспиративно излегува еден јапонски морнар, внимателно загледува наоколу, ослушнува... а потоа го крева погледот нагоре, кон голиот задник на убавата девојка...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ни кажуваа дека Југославија беше меѓу четирите земји во светот кои произведуваа подморници, се разбира покрај авионите, тенковите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми беше раскажан случајот со една англиска подморница, која неколку дни во 1943 година била сметана за загубена, зашто со неа не можеле да се воспостават три дена никакви радиоврски.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тенкот, подморницата, торпедото и митралезот, па дури и обичната пушка и рачната граната, се сѐ уште во употреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во текот на подготовките пред заминување во мојата мисија за амбасадор во Тунис и при државата Палестина, пред заминување на амбасадорските постови ги посетивме сите југословенки воени бази и една подморница во близината на Сплит. Се викаше Лора.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Влегувавме во воените подморници, го посетивме меморијалниот центар Аризона каде се врежани имињата на илјадници американски војници кои загинале во нападот на Перл Харбор од Јапонците во декемри 1941 година.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ако успеат да ја земат контролата над цела Африка, ако ги заземат аеродромите и подморничките бази на ' Ртот, тоа ќе ја пресече територијата на Океанија на два дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Суперпроводлив Индикатор на Подсвесни Аномалии. Се употребуваа во војната за да се откријат подморници и за напипување на непријателски кибер системи“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како да ја губев рамнотежата меѓу морето и копното, чувствував брза вртоглавица Многу години подоцна кога се распадна Југославија подморниците припаднаа на новата држава Црна Гора.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Децата се и адвокати, и одборници, и началници, и капетани: пливаат бродови и подморници во нивните умивалници.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
За првпат во животот влегував во подморница! Беше тоа чудно чувство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брановите плискаат и од океанот изнуркува цела една подморница, со убавата мома закачена на врвот на нејзиниот долг перископ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тогаш војската имаше осум подморници, две големи и шест мали. Ние бевме во посета на една од големите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првпат влегував во подморница. Се чувствував како заробена органска материја во металниот организам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)