пиле (ср.)

Од секаде јата пилишта се креваат над нас и, онака, оддалеку нѐ гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и со плашило ги заградил амбарите за да не можат да клукаат пилињата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Отаде се Србите и Французите, а одоваде Германците и Бугарите. Пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги погледна двајцата уште еднаш и рече: - Деца, - рече, - штом како човек ме прашувате, како на луѓе ќе ви кажам:преку планина ни пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сонце светло ми светеше гора ми се зеленеше в гора пиле песна пее.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ќе легнам и ќе чекам пилишта да ми ги исколваат очиве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ куќата се ширеше миризбата на печеното пиле и на корите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како да ми поминува со перце од пиле по неа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама само што удривме по неколку мотики, само што скршивме по некоја грутка и од небото почнаа да паѓаат пилиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ги вртат очите жените и ќе ги отвораат устите, како клунчиња од пилиња што зинуваат за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одат полицајците и ги вадат ко пилци од седелка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ко пиле од своите дланки да ме рани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали пилиња сте и сте долетале у нас?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Оти зад војничките коњи секогаш чекаат пилишта. Цели јата пилишта одат по коњите и по плениците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стоите и еден-друзи да се барате, та да не можете никогаш да се најдете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И во темницата скржаво ќе ги подотвори нозете, небаре вратниче од кафез со диво пиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Повеќе