отсуствува несв.

отсуствува (несв.)

Тој во времето на поминатите негови години во Србија се наоѓал под влијание на цел ред околности што отсуствуваат во Бугарија и затоа неговите погледи се разликуваат од погледите на оние што се образуваа само во Бугарија и се слободни од цел ред преземени мисли и предрасуди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По неколкумесечно отсуствување од Загреб, послушно ги прифаќам сите совети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Многу се изненадив кога открив дека во одговорот на Раде отсуствува потсмевот, најсаканиот негов пристап.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Црниот хумор не отсуствува. Овде имаме една немилосрдна и карикатурална радиографија на функционирањето на власта на еден кошмарен систем.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Извесно нарушување настапи на немузички план: петорката фати да ни се разнишува. Веќе по првото отсуствување поради оркестарот Љупчо ни замери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Белки не си заборавил дека живи компири се јадат за да добиеш висока температура и да отсуствуваш од писмената по математика.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Последната училишна година тој доживеа „нервен слом”, и отсуствуваше од работа три месеци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мама: Да, со домашни задолженија времето брзо си врви, ама не е само времето да си врви... проблемот е двоен: професионален ангажман и финансиски ефект отсуствува, мислам, со една плата сме... а долгови, позајмици... селење...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Томето мораше да смисли што ќе прави. Требаше да отсуствува од дома барем цели 2 часа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Обата брода, сите нивни внатрешни простории, беа преполни со елементи на мебел, но дрвото, како материјал, отсуствуваше потиснато од полиуретанот, кој овде беше демонстриран со сите свои функционалности.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само еднаш отсуствував подолго: кога почина мајка ми.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега таа беше ослободена од болката, но тоа беше само физичка слобода, отсуствуваа оние груби канџи што ѝ се зариваа во слабините и ѝ го отежнуваа нормалното дишење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А јас знам дека и денес, кога во недела на причест нема да се појави некое дете, кое одамна има свои деца, мора да каже зошто отсуствува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, сепак, остана впечатокот дека роковите кои се воведуваат се само инструктивни, при што отсуствува елементот на казнување на судијата кој, евентуално, би ги пречекорил пропишаните законски рокови.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Честопати отсуствував од училиште, зашто ги чував Нада и Александар, а учителот не ме тепаше, сѐ беше добро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога од сонот отсуствува телото, таа веројатно веднаш го заборава.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Знаеше дека подолго ќе отсуствува од факултетот, затоа понесе дел од литературата која ѝ беше потребна за испитите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа е случај кога отсуствува надворешна сличност на знаците- симболи од писмото со објектите од реалниот свет, со кои тие корелираат, а како пример на ваков тип на писмо можеме да ги посочиме броевите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе