откопа св.
откопачи св.

откопа (св.)

Со голи раце сум го распретувала за да му ја откопам трагата кај што згазил.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги откопале дури и коските од гробиштата и ги расфрлиле по ѓубриштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Окован со мисли беднику со нокти зениците ми ги откопа... Умрете, за да живеете во вечниот дом на непреболот- немирна душа тихо шепоти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повремено наоѓаа парчиња од грнци, тули, најдоа некаков сад, мал, сличен на кандилце, откопаа неколку коски, а археолозите сето тоа го редеа настрана, составувајќи одделни делови, грижливо бришејќи ги од земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
IV Во ова царство на мажи и без царови Да му се поклонуваат сите на ножот В раце што го стегаат овие црни беласици И кории; Со него сите очи да им се извадат; Во онаа провалија долу И телата со него да им ги избодат - На опинчарите на рибарите на брсјаците Да остане ова царство пусто И само камен Црн гол камен да се народи Името под себе да ни го чува Внуците да ни ги откопаат Со нив и ние да векуваме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во претходниот ден на ова место инженер Александар беше откопал мраморно стапало од човечка нога, па сега, нестрпливи да дознаат понатаму, зафатени од истражувачката треска, сите копаа со мисла: ќе успеат ли да го пронајдат и телото од скршеното стапало.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе откопаат малку земја, ќе ја лизнат и ќе ја плукнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден ден го нашле гробот откопан. Ордените не биле внатре.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некогаш играјќи децата ќе ја откопаат нашата плоча Под неа ние, подолу тие, утре вие Сите отруени од исти сништа - В земи да си ги видиме, барем, нашите краишта.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Но не го уби заради тоа што беше лошо, бесно, напротив кон него беше кротко, мирно и послушно, ами го отепа во еден момент на афект, кога тоа ја откопа главата од неговата жена која тој ја убил скришум и ја закопал во градината пред куќата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Озгора беше еден влажен слој земја, добро набиен и со она бело подсветнување на голомразицата, додека ја откопуваше со казмата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Под него најде еден слој црвена земја, што беше сосема сува и се раздробуваше во црвеникава прашина, а под неа се откопа сламата, од која тој внимателно ги одпретуваше компирите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеш откопувањето не е лесно. Просто не ти оди. Од многу искуство си станала неспретна, не небрежна: сѐ ти паѓа од рака.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Покривите на куќите и на амбарите попуштиле; стадата се задушиле во трлата; овчарите умреле обидувајќи да се откопаат од снежните наноси.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
До нив, како да се веќе под иловица, достасува ехо, двојно, на два јазика, но со иста смисла, нешто како ако ти е жал за мене , земи копач откопај ме.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А, таа не умееше ни да ги прими, ни да се заблагодари зашто од хортикултура знаеше само да ги окопува леите во дворот и да засадува пипер и патлиџан, а во браздите што ги обрабуваа плодоредите да сади ред ниски, ред високи цвеќиња... од најселските.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секоја недела доаѓаше цвеќарот, секој празник Да ги окопува овошките, да ги крои Да го корне дивиот повит по ѕидовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Јас во тоа време многу ја мразев баба ми и сите други зашто не сакаа да ми помогнат да ја откопаме мајка ми. Чувствував така.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Трчаш низ буките, откопуваш со нозете камења и скапано лисје, ги забираш, ги корнеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе