отклучи св.

отклучи (св.)

Стоејќи пред затворената врата од под маицата ја извлеков врвката со клучот и отклучив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стражарите одвај ги прифаќаат зборовите, но се сложуваат да нѐ отклучат со Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запревме во Тирана. Ни ги отклучија лисиците и пак нѐ затворија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На третата ноќ, додека караванот наш мал ноќеваше, Филозофот ме разбуди и рече: го отклучив записот и видов што има зад буквите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Крај нив сѐ е озвучено Со певлив клуч отклучено, Со блага умилност.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше вака: Пред нашиот стан, во којшто се влегува низ двојна врата, се поздравуваме со соседите додека Борко ја отклучува првата врата, па го врти врзопчето и со другиот клуч ја отвара и втората.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој се приближи до Христовото распетие, се прекрсти и го бакна. Потоа го отклучи куферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го отклучи катинарот, потоа со друг клуч бравата и го крена капакот од ковчегот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ме зеде за потаму. Ми отклучи нова ќелија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Африканската музика обележува практично сѐ што правам - дури и амбиентот, бидејќи тој произлегува директно од желбата да видам што сѐ ќе случи ако ги „отклучиш“ звуците во дел од музиката, им ја дадеш нивната слобода и не ги навиеш сите според еден ист часовник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Звуци на отклучување на вратата. Соња поаѓа неколку чекори кон вратата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Душата - птица, лета, Отклучете ѝ, отворете ѝ, Нека одлета Небото да го надлета И на него да слета, Со песната изустена Од мојата уста Од зраци исплетена.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Изговарајќи некакви волшебни зборови ја барав врвцата со клучот, отклучив и со широко движење на десната рака ги поканив другарите да влезат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влегувањето во градината е бавно влегување во примката на времето што само зборот ја отклучува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Пезевенк си ми ти, момче... - стана, отклучи едно вратиче од мусандрата и, свртувајќи се, одврза црно платнено ќесе, му изброја шест лири и потоа му рече: - Како претходната, така и оваа држава ни е поткуплива...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И Лествичникот тоа го сторил: неколку месеци, дење и ноќе се измачувал во скрипториумот, распоредувајќи меки гласови меѓу тврдите, и го отклучил записот, оти го добил решението. И тоа еден ден пред да се вратиме ние.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Портретот и детските ликови пријателски го гледаа и со некоја молчелива благодарност како да му велеа: „Долго го чекавме твоето доаѓање, зашто само ти ја имаше небесната знаја и умниот клуч за а го отклучиш катинарот на времето и ропството на нашите души.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе