откај предл.

откај (предл.)

Ме потфаќа некој виор, ме турка откај луѓето и не ме пушта да слезам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влезен е ѓаволот во луѓето, што се вели, а ,ѓаволот откај газот влегува, а од уста излегува", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекорите што доаѓаа откај ходникот, многу тешки и речиси идеално рамномерни, ја одмеруваа должината на ноќта и неизмерливоста на неизвесноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откај бавчите се носеше свирката на неуморните свирачи – штурчињата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
До онаа единствена куќа на брекчето сега се стигнува по патот што доаѓа откај браната и вдолж го сече ридот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дојде откај грмушките. Под мишката носеше некоја голема книга а во белото шамивче имаше набрано капини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така беше и последниот пат кога излегувавме од долгиот ходник со кој беше поврзана кујната со дворот, кога откај портата слушнавме јасно мекање што влегува во нашата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Главната сила ќе удри на северниот крај на селото откај гробиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој ден кога ќе се пушташе од школо Бошко поминуваше откај весникарот на ќошето и го земаше весникот за татка си.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој го поведе изненадно накај истиот пат откај што дојдоа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Низ отворените прозорци откај планината вееше свеж и мирислив здив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откај бунарот веќе се слушаа тапите удари на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Светлокосиот зачудено го изгледа, одмерувајќи го од глава до петици со таков поглед како да сакаше да каже: откај накај си способен ти за таа работа!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дојдовме и ние децата, откај козите мислејќи дека добро сме ги сокриле и сме оставиле доволно лисје.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откај брегот слушаме свиркање и мавтање со раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се врти кон пенџерето откај што наѕира лозницата. И со затворена уста се поднасмевнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мече намина случајно накај собраната бригада откај врбаците, невиден од никого и чу дека меѓу другото се спомна и неговото име.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Повеќе