остави св.
оставина ж.

остави (св.)

Не нѐ оставија да си ја видиме староста, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ногата ми ја оперирале и ми врзале лонгета. До креветот ми оставиле и патерици за да се помагам... Многу е за кажување...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку беше касањето, велат, веќе нѐ оставија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Здодевните прашања за книжевноста да им ги оставиме на западните писатели.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Погледни колку расплакани лица остави зад себе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Можам, сама. Тргни се! Остави ме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Оставија рогузина, покривач, стомна за вода, чинија за јадење, две лажици и облеката што ја носеа на себе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден друг ден кога татко ми си дојде на ручек, видов како носи под мишката една необична книга, и откако се помисли каде да ја стави, ја отвори вратата од шкафот и ја остави таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зар мислите дека ќе ве остават да умрете?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Остави ми простор за флуидни креации.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Оди, ќе му заповеда. Остави ме.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- За секој случај, ти остави ми го тоа што си го извадил, па ќе видиме моиве мечиња ќе остават ли нешто за другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Оставете го гостинот, рече тој, првин нека се одмори, па потоа ќе видиме што ќе биде и како ќе биде.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Прашањето дали новото течење има иднина или не, ќе се разгледа подолу, од каде што ќе се види оти тоа, ако се остави само на себе и се игнорира, ќе се развива само, а не ќе опаѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но од русофилството таа се восползува со заемот, направен при руско содејство, а друго и најглавно, не ги поарчи позајмените милиони за воени потреби и со тоа ги остави полни државните каси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но кога виде дека Крчо заради неа ја остави татковата куќа и се пресели кај сестра си, уште толку го засака и се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само печалбарката чека да ги остават своите сиви гнезда, чека дали ќе го види уште еднаш милото лице... А тоа е далеку, далеку!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во одговорот на овие прашања ќе треба да се продолжат расудувањата за народноста на Македонците од таму каде што ги оставивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе