остава несв.
остави св.

остава (несв.)

Зборуваме за војната, а она што нѐ тера да се бараме, го оставаме понастрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не оставаме да нѐ растурат, но не прифаќаме борба со нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А знам дека, нас Македонците, не нѐ оставаат понаблиску и во огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клинка пред нас, зад нас, не нѐ остава на подалеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- За секој случај, ти остави ми го тоа што си го извадил, па ќе видиме моиве мечиња ќе остават ли нешто за другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Што можеш денес не оставај за утре. Лесно ти е тебе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Преблаги господи, не нѐ оставај никогаш сами. (Попот пребрзо ги води.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Може ли да се претскаже каква ќе биде судбината на Македонија под Австро-Унгарија: Босна и Херцеговина јасно ни покажуваат оти не ќе поминат ни 10 години од австриската окупација кога ќе зафатат Македонците, без разлика на вера и народност да си ги оставуваат своите катови и да се иселуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оставајќи тие песни во нивниот првичен, автентичен поетички вид без посегање во нивната поетска суштина, сакав, не без извесна носталгија и сентимент, да му останам верен на тоа искуство.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова рахитично патче оставајќи го зад себе работ на шумата наеднаш излегува на зачудениот рид како патецот низ густите кадри што наеднаш втасува на голото теме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Под сребрениот капак со изгравиран жерав времето се одмотувало кон својот бескрај оставајќи ја зад себе смртта на своите стопани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дома беше и џунџулето и опојниот мирис на црвениот трендафил врз чии лисје зората секогаш оставаше капки роса...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Лесниот млак ветрец ајдучки се крадеше низ багремите и оставаше зад себе трепетливи шушкави лисја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Војниците и кметот сѐ живо избркаа и не оставаа никој да се движи крај нивната куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И надвор во игрите, прифаќајте го и не оставајте го да се чувствува осамен и туѓ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За тоа време на сцената влегуваат некои од артистите.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Повеќе