обратен прид.

обратен (прид.)

Можеби признавањето на обратните различни пропусти во животот многу нив ги зближи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
4. Стрвна спирала Штом премногу претскажуваш стрвна астрална спирало милост имај за трпеливите за лифчињата на душата врз коишто го истураш штедро твоето мастило моровата моќ, индигото од тебе зависи дописот со небесата ритамот и римата, или и ти не можеш ништо кога густината се ретчи комплексите малаксуваат согласјата се упростуваат - само Отецот сам самцат стихува сушноста – сушта суштина суштествено суштествува всушност, меѓу четири ѕида стисната слободата ѕирка, се ѕвери нагоре, а таму (уууууууууууу) сѐ се движи во обратна насока гледано одоздола ааааааааааааааааа: или времето оди наназад или човекот е свртен наопаку опак Закону, злорад Реду приказание, Име имаш ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби ако одело по обратен ред и не ќе требало да ги жртвуваш добивките, кои се живи суштества, инаку сето тоа личи на огромна себичност и неодговорност .
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Замислено си одам по едната страна, потоа поминувам на другата, по обратната дијагонала...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пусто суеверие, немаше порационално објаснување зошто моите братучеди ги имаат имињата од нивните чичковци (моите вујковци) по обратен редослед... на крајот на краиштата, и не е важно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нивната цел беше да применат малку обратен инженеринг, односно да се обидат да ја разберат структурата на границата и како таа функционира, „согледувајќи ги чудните привлечности кои ги спојуваат заедно луѓето од двете страни на границата и во исто време ги држат одвоени.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Една многу интересна еврејска поговорка вели: „Ако спасиш еден човек, си го спасил светот.“ - тоа е обратна верзија на идејата за месијата: еден човек може да го спаси светот, но да се спаси човек значи да се спаси светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пробувам да се одвикнам, но тешко ми оди. Но, ќе пробам овојпат по обратен ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По обновата во длабините на морето,новата генерација јагуличиња го продолжуваше, сега обратниот пат до слатките води на Езерото.
„Граница“ од Луан Старова
Потоа преминувам по обратната дијагонала, накрсно... Вака...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мене поговорката ми е океј, ама мислам дека функционира и во обратна насока: да немаш, да немаш, па нагло да добиеш!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Мамо, мамо, дај смири се, - се обиде да рече нешто братучед ми, но тоа имаше обратен ефект.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше време кога улогите на овие две држави беа обратни, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Си одевме по овците така молчејќи, а трите кучиња- Шарко, Геско и Мурто- радосно трчаа околу булукот; ќе се сретнеа на горниот крај, ќе се здавеа и пак го обиколуваа булукот, сега трчајќи во обратен правец.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Некаков обратен демон на рамнодушноста, на инерцијата и на апатијата - блед отсјај на демонот на ентропијата, кој ги насочува нештата кон максималната можност и кон апсолутната рамнотежа. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 15
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе