оближе св.

оближе (св.)

Ама и ти не си за карање, де! Ете така, и она — како мачка на сланина. Штом те виде почна да се оближуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Насмевката на лицето што личеше на оближување ја прошири.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Види шо детенце е, натемаго! Кротко како јагне, лакомо како прасе, јаде и се оближуа како маче А види пак шо убаво се учи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го мрцкаат носот во танките чорби, ги оближуваат лажиците и само ждригаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секаде ни ја гледаат само лузната, вели и си ја брише, си ја оближува устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнав да се оближувам, ми дојде да пометнам. Ме поткопаа непцата. Исто ко на трудна жена што ѝ иде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправи пред братучедите. Почна да ги трие рацете една од друга и да им вели оближувајќи се: - Така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Малендавиот пламен ги зафати и потфати, ги подбра, ги оближа, се разниша над нив, посина и кога се чинеше дека ќе згасне, наеднаш се исправи и ја осветли земјанката. Никој не се помрдна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тодора си ја оближа големата буза, небаре се бацувала со јунакот што го спомна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бошко си ја оближа устата и ја голтна плунката.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Затупка со опашката по паркетот како да го повикува неговото внимание и сочно, некако разлакомено, почна да се оближува со јазикот и наметливо да потквичнува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Владиката поудобно се навали на миндерот, шмркна кафе и, оближувајќи ги подгорените усни, праша: - А пари, велам пари, зашто црква со пари се гради, а не со молитви и желби.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Е, гледаш. А јас ги имам, одново се пофали оближувајќи ги лепливите усни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со крајот на окото виде како братучедот си ги оближува усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Нема, штом власта дозволи да се јадат прасињата... - рече отец Серафим оближувајќи си ги прстите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Небаре се оближуваше околу чадена пастрма Петре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Занесен од оваа раскошна убавина која стоеше пред него, само ги оближуваше усните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги оближував усните, чувствувајќи го солениот вкус на капките.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Оближете се троа и вие па белки догодина ќе посадите повеќе.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе