облека ж.

облека (ж.)

Оставија рогузина, покривач, стомна за вода, чинија за јадење, две лажици и облеката што ја носеа на себе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дрвја со бршлен стегнати, во облека на природата совршена.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Во фиоката со чипканата долна облека.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Во огледалото место себе виде туѓ човек во своја облека.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Учителот откако ги откри овие самотници во планината, ги засака како свои, одеше таму трипати во годината и им носеше топла облека, храна, шеќер и сол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Човекот во сина облека забележа дека може да се случи редот да се растури и прати поглед по неговата должина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога најпосле ги отфрлив алузиите што сакаше да ми ги припише нивната задоволна смеа, им објаснив дека моето интересирање по однос на облеката е упатено на можно откривање на некоја нивна особина која би се изразила дури и во тоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Добро направи што си купи облека на ластик која се ширеше заедно со неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Приготви педесет и два таками облека и еден понеделник ги направија сите јаничари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И после ме тераат да трчам за да ми се исуши облеката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бранчиња светлина ги допираа рабовите на мојата облека и стануваа фосфоресцентни зраци.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Облека и оружје ќе добијат во единиците во кои ќе бидат распоредени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И после ми даваат германска војничка облека каква што носат тие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Организацијата на доставата на лековите, на облеките, на паричните средства, функционираше беспрекорно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Небото се исчисти и се облече во чиста проѕирна сина облека.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Невидливото во поезијата е материја во која и запирката претставува ту оган, ту тага, ту некоја јарка боја навезена на работ на облеката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Имаше бела облека и мирисаше на јоргован И чув реброто во нејзината утроба како крцка зашто се делеше на две.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе