неистрижен прид.

неистрижен (прид.)

Во дворот чекаа другите, неистрижените, повисоките одделенија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Облечени во најпарталави бели кошули со исто такви волнени гаќи, неистрижени, неизбричени, ни измиени, изгледаа како диви луѓе кои ги фатил некој ловец на робови и сега ги тера да ги продава на пазариштето во овој град.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)