мафија ж.
мафијаш м.

мафија (ж.)

Заплашувањето на првиот зимски здив внесуваше во нив бес - луташе таа мафија по улиците и оставаше зад себе јад и солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги слушав двајцата како се докажуваат меѓу себе и се чудев како сериозно беа внесени во својот мафијашки филм.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со гордост би ги закитиле, со класичен тероризам до анархизам мафија на имигранти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но, тоа не ги спречува да служат и на мафијата и да го поткрепуваат нејзиното постоење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се тешиме со фактот дека можеби аполитичноста (која е неизбежна социјална последица после вакви енормни порции политика што ги консумиравме последниве години) повторно ќе ги натера луѓето да се бават со својата најнепосредна околина, земајќи го од социјалистичкото минато она најмалку лошото: презирот и игноранцијата спрема политичарите сфатени како некакви хипер-прилагодливи стаорчишта што ријат по житните амбари и повеќе наликуваат на елементарна непогода отколку на „мафијашка структура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Околу смртта на Стерјо наслушнував различни приказни во кои се спомнуваше некаква мафија, се зборуваше за дрога.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само бандите, гангстерите, мафиите, посветените или перверзни друштва и некои соучесништва можат да преживеат, но не и паровите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И така сите молчеа во главниот град на јужната република, фатени во пајажината на „козјата мафија”, иако велеа, повеќе за себе, правоверните идеолози на партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во крајот на грабливците, грабањето продолжува, ако не грабаат повеќе колонизаторите, тогаш грабаат интернационалните мафии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас имам“, вели, „персонал интерес. Ги имам сите документи. Не дозволувам да се продаде куќата од некоја мафија“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со неа се поттикнува криминалот и во другите земји, доведува до појава на мафијашки организации, па дури и терористички акции кои ја загрозуваат нестабилната цивилна власт во сиромашните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Душан не трча по улиците со својата мафија. Заради Ирена Иванова или Калина Панова Душан веќе не е прв по географија.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Испратен бил, велат, од канадската мафија за да се поврзе со нашата, овдешната. Те чекал, велат, пред куќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Брату“, смогнав да прозборам, „јас не сум никаква мафија“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Провокативното претставување што го направил Деборд за сегашната состојба на работите се однесува на мафијата, која откако (или додека) се разгледува како антитеза на јавниот морал и социјалното добро, “сега стои како модел за сите напредни комерцијални претпријатија”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зад мене не стои никаква диктатура, ниту партија, никаква група ниту мафија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сè што можеме да слушнеме е звукот на машините и гласот на организираната корупција, Мафијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)