лепи (несв.)

По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Воздухот нѐ притиска, ни ја скорева потта, ни лаза по кожата, ни се лепи за алиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом ја преминав границата, цариниците на културата почнаа грубо да лепат врз мене идентификациски етикети: комунизам, Источна Европа, цензура, репресија, железна завеса, национализам (Србин или Хрват?) - истите оние етикети од кои во својата земја успеав да ја заштитам својата литература.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Претам заедно со змиите и пијавиците што ми се лепат по кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас бегам и нозете се лепат на тоа сребро.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Видов дека мостот не е мазен каков што беше кога го обоија претходниот ден двајцата чичковци во сино, туку наместа беше рапав, како нечии раце да се лепеле по него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гризеше од сочниот плод, џвакаше со предизвикувачка сласт и пак гризеше низ смеа, со широко развлечени усни од кои карминот се лепеше на преостанатиот дел од јаболкото во нејзината рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мајка му лепи пијавици на вратот и само се туфка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Истите тие пискарала не се ништо друго освен форензичари на сѐ што е уништено и сите по дефолт се аналитичари, историчари кои само ги анализираат грешките од минатото, а никогаш не даваат решение за иднината, но како главна особина им е лепењето етикети на сѐ што е прогресивно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нему раката му се лепи за туѓото, ама нему хоби му е алашверишот – и ќе украде и ќе купи само и само да препродаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На усните му се лепеше некаква правлива материја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Се лепеа и на гранките од борот кој како сосем да се исушил; со снегот му паѓаа и игличките пожолтени, исушени како опожарени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Устата му се лепеше и му горчеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се сврте и избега по скалите, додека чоколадата му се лепеше во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако лебот е малку сув, ронки ни се лепат за горните усни и ние со јазиците се обидуваме да ги тргнеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не беа тоа провирни јадења, туку тешки и мрсни кои набргу се залојуваат и ти се лепат на устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се лепат снегулките ко плуканици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе