курир м.

курир (м.)

Ќе почекаме да се стемни и ќе им ги пуштиме куририте што ја познаваат шумата за да ги преведат преку граница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Курирот ја сврте светилката кон местото од каде допре гласот и го повтори светлосниот сигнал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ви дадам двајца мои курири кои ќе ве одведат до границата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стравувањата за можните последици поради фатениот курир се покажале сосема неосновани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека најмалку можело да станува збор за шпионче бидејќи спомнатата личност во текот на војната била курир на другарот Ведран.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште си ни потребен како курирче. Понатака ќе видиме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Следниот ден пристигна пораката. Курирот ми ја даде и јас ја прочитав стоејќи на терасата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И како кој курир ќе дојде, ќе ми каже да бегаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неколкумина од оние кои контактирале со курирот решиле да се засолнат по блиските села. Страв лозје чува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но многу брзо случајот се разјасни. Курирот наишол на заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понатаму се добива унапредување во курир. После тоа добиваш пушка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пред вратата стоеше важно напернат курирот што ги пушти внатре, по години не постар од Мечета.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој беше козар и него партизаните го имаа за курир, пандур, ние што велиме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го пуштив курирот Цветан да ми донесе крпи од ранецот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наидоа на голема единица. Курирот го побара командантот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За стрико Благоја сепак беше јасно - им помагаше на партизаните, ги примаше на конак нивните курири, агитираше кај луѓето за нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Избегале и курири и курирки, никој нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе