комбе ср.

комбе (ср.)

Дојде комбето и сама ги тегнев и влечев вреќите и табуретките кои го претставуваа креветот на кој спиев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Предната врата од левата страна на комбето беше отворена и крај неа стоеја двајца униформирани полицајци кои повремено погледнуваа на другата страна од улицата, кон влезот на нашата зграда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го завиткале во чаршаф со спуштени раце на стомакот и го однеле со комбе во Одделението за судска медицина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се заблагодарив за сѐ и истрчав кон комбето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Токму кога се врати во куќата по безуспешната потрага, пред куќата веќе стоеше полициско комбе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го сместивме креветот и сите работи што ги имав во комбето и тргнавме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По наредба волчјакот се врати во комбето, а мажлето ми дава знак дека можам да заминам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше таму откако го втурнаа во затвореното комбе и го одведоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кома долга четири дена, и боси нозе во комбе со ширум отворени врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Селото, вели, скоро е празно. Мажите на печалба, школото затворено, децата учат во Билишча каде секој ден комбе ги носи и ги враќа, а камбаната ретко бие и поретко црквата отвора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Филип беше поткачен на едно купиште градежен отпад и викаше накај другарите: „Ништо! Циркусот заврши! Кантите ги ставија во комбето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во устата држи џоинт, лежејќи свиткан на страна позади во комбето на еден гребен над реката Снејк каде што тие сега живеат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Комбе до комбе, мерцедес до мерцедес и коли со грчки таблички чии сопственици тука ги викаат Јоргос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Три пути дневно ги посетува комбе што им носи топол оброк.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И почна - во бел мантил со престилка, качена во комбе, од градилиште на градилиште со црпалка да дели чорба и да собира купони.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На пример, процесот на учење: додека учиме да возиме автомобил или комбе, се чувствуваме потполно изгубени во нив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)