комарец м.

комарец (м.)

Цели роеви муви и комарци нѐ облетуваат околу стрижените глави, ни ги поцрнуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Комарците се нафрлаат како улиште и само те печкаат по лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Немој, Оливеро, ѝ велам, зар комарци ќе потковаш во Сибир?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Околу устите веќе им шеткаат муви и комарци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Престануваше да се брани од комарци и се притајуваше, беше изморен од нејзината несоница и ненаситност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За волја на вистината, тоа беше Струмица од којашто на авторот „срцето му се раскажуваше“ поради љубовната авантура со една „азган“ распуштеница со која соголените задници им беа направени касапана од лутите летни комарци некаде на ледините таму каде што сега во Скопје се наоѓа населбата Аеродром.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со комарец тој се борел, но бегал од зајак сив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не беше лето и не седев на верандата на стар конак, каде комарците се забиваат во будноста, сркајќи ја слатко запурнината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Под небото сино комарци му ловела неговата нација, во барата имало вино за сето царство Бунефација.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Беше брзо и подвижно како мачка но не влезе веднаш и јас му го дадов ножот да ја расцепи мрежата за комарци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не ве касаат вас комарциве, велиме и мавтаме со рацете, се браниме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така... Комарците само ни шараат по кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само комарците с'скаа наоколу и се приближуваа сѐ повеќе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Устите им се полни со колчишта, главите со комарци, којзнае со што!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И со нас идат и комарци, муви и мушички, жужлиња и еленчиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зар им одмилеа комарците, си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе