книжевник м.

книжевник (м.)

Проклетници е збирка за почетници се разликува од другите книжевници може да го читаат и пратеници затвореници и сите истомисленици
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Книжевната критика го сметаше за сликар, а ликовната за книжевник.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наидоа на мошне убав прием и ја избегнаа судбината која обично ги следи книгите од помалку познатите книжевници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако ги запрашаш, пак грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите и превел книгите?“ - Тоа малцина од нив и ретко знаат за тие работи.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ме презираш што не сум „чист” книжевник.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Татко ви е фабрикант на сапун, народен книжевник и културен споменик во градов, а јас сум пациент во заводот кој почесно го носи неговото име.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Уметничкиот опус и политичката дејност на Стојан Христов за македонската кауза остануваат и во иднина драгоцености кои што ги обликуваат неговите вистински вредности и како такви веруваме дека и понатаму ќе привлекуваат книжевници и политички аналитичари заради додефинирање и градење на точен суд за неговиот придонес кон богатата ризница на македонската и светската литература, како и за неговите активности во поглед на афирмацијата на самобитноста на македонскиот народ и на неговата државност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Луѓето се или неписмени или книжевници, Или двете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)