изотвори (св.)
Ја разгледа масата, ги подигна капаците на тенџерињата што беа наредени по неа, по шпоретот и ги изотвори сите чекмеџиња од креденецот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Од грев и жал кон болните затворени во манастирските келии, или во пијанство, некој од калуѓерите ги изотвори сите врати на келиите и ги пушти надвор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Првин појде да ги види тие петличари и копчари што се изотвориле во чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)