замолкне св.

замолкне (св.)

- Грч му стегна грло и тој замолкна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молк. Вигната замолкна. Исчекување. Издив на страв...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само замолкнувањето на Аванти пополо И само префарбувањето на бандиера роса А ваму новите соништа да претежнуваат од популизам И да не важи веќе поговорката Дека секое влакно си ја знае својата леснина
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гаврани не грачете, секавици не секајте од рид до рид, славеи за миг замолкнете и молчете додека земјата не налегне врз младоста што ја прими...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама замолкна и долго молчеше, сркајќи ја попарата со чај и препечен леб што баба ми му ја принесе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во тој миг му беа далечни најмногу со тоа што не се покриваа и не замолкнуваа, кога тој нивни разговор беше сиот изрешетан од она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не, не можев да го издвојам и замолкнам тој глас што нѐ раководеше во решавачкине моменти бидејќи во него расппознавав и многу мои зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Замолкнаа за миг. Шараат со очи по таванот и ѕидовите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Продорните гласови наеднаш замолкнаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се уништи една библиотека, му велеше Татко на Камилски гордо загледан во своите книги, значи да ја замолкнеш историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сосема кога замолкна - обемот на пустошот - поголем од обемот на глувотијата што ја остави.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Секогаш кога ќе ги чујам луѓето како велат дека не можат да комуницираат, си припомнувам на една реченица од социјалниот сатиричар Том Лерер (Tom Lehrer): „Би сакал сите луѓе кои се жалат дека не се способни да комуницираат да бидат барем толку учтиви да замолкнат.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како бубачки што светкаат или како лебарки што и ноќе ги гледаш како протрчуваат по собата Му се пожалив: „Тате“, реков, „посакувам проклетине труби засекогаш да замолкнат“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа пролет дури и разбојот замолкна...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ние своето одамна го завршивме. И замолкнаа. Секакво зборување беше излишно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Време е неверниците да замолкнат оти сакаат на крст да нѐ распнат време е проклетниците да се очистат и свињите што земјата ја гадат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Повеќе