залае св.

залае (св.)

Кога си заминуваше светлината Денот квичеше како слепо кутре И го фрлија в река Ако ја надвие водата и залае на песокта Ќе му стане водич на слепецон што чека на брегов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само направи врева: лошо куче залаја во дворот пуштајќи се кон портата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Освен шумолењето на лисјата, во воздухот се движеа и други ноќни шумови - ут ќе писнеше, еже ќе зашушкаше во сувата трева, осамен стар лисец ќе залаеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја издолжи шијата и бесно, со закана залаја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја издолжи шијата и бесно, со закана залаја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некаде далеку залаја куче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпрвин залаја пес, потоа глутница пци. Некој нешто луто викаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ги слушнал пците дека залааја и почнаа да се радуваат кога Крсте им даваше леб и викаше за помош?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога го слегоа и минаа низ дворот, кучето (што остана живо од ”кучеубијците” благодарение на Богуле што го скри в шума) пак излета од куќичката, но овој пат не залаа на Илко како порано, туку немо гледаше во ковчегот и луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ме штрека една таква намисла и тогаш залајува Чако. Лае, дали лае. Како на дивина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова му е прво залајување. Вистина засипнато, и натанко, како петле кога пропејува, ама лае, се мачи. Имало господ, си велам, белки ќе се раздени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добитокот се вознемири уште повеќе. Кучето подивено залаја. Тоа ги раздразни волците. Близината на пленот ги повлече напред.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Минал човекот низ село, го залајало кучето на Пеца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му дојде да залае, да викне - марш џукело хомосапиенска - да го гризне или барем да го преплаши.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Долината се исполни со ѕвонеж, блеење, набргу потоа залаја и некое од кучињата, така што сивиот зимски ден вака весело озвучен, стана попријатен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Околу мене ни порта да торпне, ни ламба да блесне ни, куче да залае.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога дојдоа кај куќата на тетка Фора, од авлијата залајаа кучињата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Група од триесет до четириесет“, залаја продорен женски глас. „Група од триесет до четириесет! Заземете ги местата, молам. Триесет до четириесет!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе