заглави св.
заглавие ср.

заглави (св.)

И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу предните заби ми се заглавија конци месо, а неколку ковчиња од крилцето ми се раштракаа низ устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Марије млада невеста родена деведеста по грешка со дете заглави свадба мораше да направи Везден на мобилен киснеше на шопинзи често идеше со другарки кафе пиеше мажот и непран идеше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Да не ја пуштаме сега по овој снег оти ќе заглави и лиот може да ја нападне.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не можејќи да се отплеткаат, со шиите заглавени во ромбоидната мрежа и со главите што виселе како зрело овошје, станале лесен плен на животното што демнело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А резервниот шофер, кој не заспал на воланот, нѐ влече од под седиште и, онака заспани, нѐ тера да скокаме низ шофершајбната зошто вратите се заглавиле!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мене некој клин ме удри под гуша. Ми го заглавува здивот, ми ја собува кожата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама, има само една фалинка. Тој се однесува исто како маж Црногорец, кој не се помрднува од место, исто како оној што ќе го заглавиш со шрафцигер, па не сака ни долу, ни горе...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А потоа, наеднаш, без одредена причина и јасен повод ја изрече и онаа чудна констатација дека се чувствувала заглавена под урнатините на денот! И тоа не по своја вина!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А авторот нејзе во последно време ѝ се јавува по полноќ и секогаш ја наоѓа кога ора по Интернет заглавувајќи во еротски „дејанија“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вниманието го заглавив на далечинскиот управувач кој, пак, беше веќе заглавил на Плоштад Македонија на кој беа преместени градските гробишта, и мноштво луѓе палеа свеќи за покојните.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не сакам и ти да заглавуваш, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трча кучето со тенџерето во кое главата му е заглавена, тропа и квичи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не можеш да пукаш, се усвитила цевката, се топи железото и не го фрла ѓулето. Заглавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин нѐ острижија. Нѐ стрижат со искрвавени машини, оти машините им заглавуваат од вошки, нѐ мијат некои чесни сестри, нѐ преслекуваат, нѐ преврзуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Остави сѐ и бегај зашто законите се полни со некакви параграфи заради кои чесниот човек лесно заглавува.“ Сенките пораснаа и се одлепија една од друга.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе