добре (прил.)

Кога го виде се враќа без униформата, воскликна од радост: - Добре дојде дома домаќине! – му рече веднаш при првиот поглед во дворот, кога изненадена од глетката се порадува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од кралската палата глас се слушна Кралот старицата силно ја гушна Добре дојде мајко стара Малиот принц тебе ми те бара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секому радост му дошло оти Аџи Силјан си дошол и отрчал да го види и добре дојде да му рече.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Добар начин на човек да му се посака добре дојде во неговиот скромен дом, си помисли.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Трпезницата веќе е поставена и сега нека идат гостите, нека добре дојдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да му речам добре дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И спротивно на грчкиот, албанскиот полицаец нѐ пречека со насмевнато добре дојдовте изречено на наш јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Добре ми дојде! — го поздрави мајка му, и како секоја мајка, го прегрна и силно го избакна по широкото бело лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добре дојдовте во Виена“, пишуваше со жолти букви на зелените теписчиња на влезот од аеродромската згради.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Добровечер, господа војводи! Добре дошле во куќата моја!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добре дојде во куќава, — го поздрави Адем, седнувајќи на другиот миндерлак спроти него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се исполнила куќата од селани, повеќе стари, и секој му велел: „Добре дошол, Аџи Силјане, добре дошол Аџи Силјане.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Добре најдовме. Дојдовме на посета. Не сме од Руља...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој подаде глава и кога ја виде регистерската табла, смирено рече на македонски: - Добре дојдовте. Повелете. Влезете.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Добре ни дојдовте, нашинци – викна возачот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Добре дојде, ми вели Левтерија. - Добре најдов, ѝ велам. Така мене, така и на Витомира му вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Митра ѝ притрча и ја дочека: — Бре, добре дојде, невесто Досто. — Бре, добре најду, сестрице Митро. И се избакнаа тука среде двор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
САВЕТКА: Добри луѓе не се сакале... (се ракува). Добре си дошла...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Повеќе