династија (ж.)
Секогаш кога го земам даљинското в рака, и констатирам дека од аспект на јужноамерикански серии сме во ситуација од сите страни Ѓорѓи сардисан, ми иди да пукнам Династија враќај се, сѐ ти е простено!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Партизаните се наполно свесни за фактот дека федерализмот и династијата Караѓорѓевиќ се неспоиви".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Знаеше за султани и паши, за паѓање на династии, за движење на војски, за мировни договори, за дервенџиската улога на Маказар во еден период, за шумските стопанства, за поплави и пожари.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како што реков на почетокот, Династија на еден начин беше увертира во овој таксират кој што не најде со шпанските серии.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Тој објаснува како се формирале династиите, како тие изградиле институции, како луѓето се преселиле од селските подрачја во градовите, како создале институции на моќ и како постепено династиите се губеле, а се создавале нови.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Пред очите на Елеазар се појавува моавката Рут која ја прифаќа еврејската вера и која се смета за родоначалник на династијата на силниот крал Давид.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На времето, на просторите што денес се викаат бивша Југославија, многу популарна беше телевизиската сапуница „Династија“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
143. Стефан Немања (ок. 1168-1196) е велик жупан на Рашка и обединувач на средновековната српска држава на чело со династијата на Немањиќевците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Адамиќ во таа пригода ги дефинира како ганстерски сите балкански династии и групи кои соработувале со нив.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)