деветти бр.

деветти (бр.)

Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така Белчо и Џеки им станаа најсакана играчка на децата од деветтата и десеттата станбена зграда.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Верзијата што беше во употреба во 1984 и што беше систематизирана во Деветтото и Десеттото издание на Новоговорниот речник, беше само привремена и содржеше многу одвишни зборови и архаични конструкции што подоцна требаше да бидат истиснати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во 1943 година во Егејска Македонија се формираа Деветтата, Десеттата и Единаесеттата дивизија на Народноослободителното движење (ЕЛАС) во чиј состав претежно се Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Учествуваа деветтата, десеттата и единаесеттата дивизија, а во нивниот состав повеќето се Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зад грбот на Винстон гласот од телекранот сѐ уште дрдореше за суровото железо и за натфрлувањето на деветтиот Тригодишен план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од средината на сечко задуваа јужни ветрови, тивки и постојани, и еве до денеска, Свети 40 маченици, деветти март, сѐ уште не престанале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја тутнав униформата во машината со центрифуга што ја направив во работилницата на моето деветто одделение таа година, потоа ја вклучив.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Наполно сум сигурна дека госпоѓата Лејбовиц, таинствената дама на која ѝ е посветена Твојата последна книга деветтата книга од Твојот балкански серијал што продолжува решила да Ти пишува токму затоа што ја почувствувала и среќно ја декодирала токму неискажливата димензија на Твоето авторско писмо: неговата имплицитна тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Деветти месец веќе излегува, во десетти влегувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На деветти јуни, предпоследниот училишен ден, наставничката Трпана, на часот по македонски, ни рече да напишеме состав на слободна тема. Јас пишував за мојата мајка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Гледаме карши во чардакот на комшиката Џун, скриена под ниската настрешница, којашто ѝ го покрива торзото до деветто колено.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ние во Одделот за документација сѐ уште го употребуваме деветтото издание.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Немој, викал другиот и сѐ повеќе ја пикал главата во кожите. - Јаков ќе е татко и на деветто дете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле, на почетокот од октомври, ми се чини беше деветти во месецот, чистејќи ги отпадоците во потонските простории што беа ги оставиле копачите од Пустенец додека спиеја долу, завлекував рака и покрај голите и потемнети греди и, исто така, и во ќошовите на ѕидовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рада со првите септемвриски денови влезе во деветтиот месец од бременоста. Телото ѝ беше оптегнато како балон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе