гнездо ср.

гнездо (ср.)

Во крошните на жалните врби гулаби диви, гнездо вијат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Овде ние е местото. Гнездо да свиеме. Врати се дома...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така и направи. Се пресели и остана да живее во гнездото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Само печалбарката чека да ги остават своите сиви гнезда, чека дали ќе го види уште еднаш милото лице... А тоа е далеку, далеку!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се сметаше за голем грев ако некое дете растури ластовичино гнездо, убие штрк или им ги земе јајцата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во очите им гореше желбата Ластовицата среќно и здраво да стигне до своето родно гнездо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Челичниот чекор на војната сигурно ќе настапи и кон ова гнездо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ластовиците не си ги најдоа старите стреи и старите гнезда.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Направиле гнездо таму и сега влегуваа и излегуваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Птиците и другите мали животни, кои секогаш беа гласни кога уживаа во бавчите на Адам, се повлекоа во своите гнезда и легла и му дозволија на дождот да го опсади нивниот рај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега се јавија и други митралески гнезда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Требаше безопасно да мине над неговата глава и да се вовлече во неговото дијамантско гнездо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од рововите и митралеските гнезда се подадоа глави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе