водоносец м.

водоносец (м.)

А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но на другиот ден никој не можеше да го познае водоносецот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беличот остана горе со бригадата што го расчистуваше веќе ископаниот канал, а Мече беше одреден за водоносец на една бригада што работеше на реката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во аливцата од под трненката, во опинци на боса нога, без колан и пушка, на опашката од бригадата небаре водоносец по ровови - Баге го дочека ослободувањето на земјата и влезе во родниот град горд како на бел коњ.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еве, нашиов водоносец: ние сите се трудиме, а тој ни се качи на глава со своите ѓаволии.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога на насипот се покажа водоносецот, десетина гласови завикаа од сите страни: – Мече, вода!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)