бодлив прид.

бодлив (прид.)

И кога се враќавме испотени и истоштени, пред портите од бодликава жица нѐ пречекуваа наши врсници со нарамени пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сета беше обвиткана во бодлив тел, со безброј шајки кои го покриваа дрвото, а среде имаше еден џиновски ’рѓосан катинар.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А најмногу викаше „Не сакам“ кога се затвори зад црниот пајтон големата двокрилна врата од неизделкани дрва и испреплетена со бодлива жица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)