Виена име.

Виена (име.)

Ниеден друг град во Европа не си дозволувал такви пригоди за музичка култура како Виена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Важен општествен настан во тој период бил годишниот бал на Здружението на уметници од Виена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Имало одредени тешкотии при набавката на неговиот пасош за Виена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Виртуозноста на некои од виенчаните од тој период била чудесна.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Во град како Виена постојано се изведувала нова музика, понекогаш на јавни концерти, но најчесто на општествени собири.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Ова е погоден рај за бандити подли политички хермафродити глумат елита на виенски бал опинчарски души со чевли во кал Капитализам и посткомунизам модерен роб на феудализам на секој чекор со непотизам новиот светски примитивизам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ова дело никогаш не се вбројува меѓу неговите симфонии, иако послужило да го направи многу популарен кај виенската јавност.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Живеел на високо ниво во палата, тогаш на периферијата на Виена, која сега се користи како Геолошки институт.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Имало тврдења дека градот бил спален во знак на одмазда поради османските опсади на Виена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Музичката атмосфера на Виена ќе била многу подобра за него, особено во овој период, кога станувал маж и бил желен да им пристапи на делата на современите композитори.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Основала дом за мали деца во Виена, прв од ваков вид во Австрија.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
„Вие може да верувате дека знаете, но јас тврдам дека и мојот професор од Виена ќе ви го речеше ова што ви го велам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Последователно на тоа, младите од тоа време многу се угледувале на него, особено студентите, веќе од значителна важност во Виена, кои од него направиле идол.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Бетовен, длабоко навреден, нагло си заминал и се вратил во Виена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тој знаел дека уметничката атмосфера во Виена ќе биде од непроценлива корист за Бетовен и го поддржал во оваа намера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Забележано е дека Хумел рекол: „Во Виена има сто дами кои знаат да свират пијано подобро од мене“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Со доаѓањето во Виена, Бетовен поцелосно од порано ја сфатил потребата од тесна примена на неговите студии.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Се наведува дека во овој период во Виена имало десет приватни театри, секој со свој ансамбл актери.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Повеќе